сабота, 28. март 2020. Вести денес: 22
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Општини

За време на полициски час четири лица си шетале низ Гостивар

За време на полициски час четири лица си шетале низ Гостивар

Основното јавно обвинителство Гостивар денеска поднесе Предлози за издавање казнени налози против четири лица кои го сториле кривичното дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик, за што јавен обвинител на судот му предложи за секој од обвинетите да изрече парична казна во висина од  100 дневни глоби.

Обвинетите​ во одвоени кривично правни настани постапиле спротивно на Одлуката на Владата на Република Македонија за забрана и посебен режим на движење на населението од 21:00 до 5:00 часот и во време на забрана на движењето во вечерните часови се движеле пешки или со возила низ градот.​