четврток, 13. декември 2018. Вести денес: 0
home Општини

Врвни светски готвачи од утре во Охрид

Врвни светски готвачи од утре во Охрид

Врвните светски готвачи и гастрономи, добитници на Мишелин ѕвезди, Џорџо Диана, Раду Замеску и Ѓорѓе Костиќ, ќе бидат дел од т.н. Гастро тура што од утре до 14 октомври ја организира Општина Охрид.

Целта на настанот е да се подигнат квалитетот и понудата во охридските ресторани и угостителските објекти.

Со домашни охридски производи, готвачите ќе треба да напрват нови специјалитети кои потоа ќе станат дел од менијата на локалните угостители.

охрид гастро тура

Во рамки на Гастро турата се предвидени и обуки на локални готвачи за нови типови јадења и збогатување на постојните менија во рестораните.

По пристигнувањето на врвните готвачи утре, ќе се одржи Мастер клас на Факултетот за туризам, по што, според Програмата, треба да дојдат и велосипедистите, учесници на настанот „Заобиколи го езерото, почитувај го езерото”, закажан за сабота во девет часот. Попладнето, пак, од 17 часот Џорџо Диана ќе подготвува Гала вечера.

За недела наутро е планирана планинска велосипедска тура „Spiridon Adventure“, додека од 17:00 часот е дегустацијата на риба и морски производи „Метро“ за која е задолжен нашиот мајстор, шеф Дејан Карапеев.

МИА