петок, 25. септември 2020. Вести денес: 15
home Општини

Времен режим на сообраќај на делницата Жировница-Бошков Мост

Времен режим на сообраќај на делницата Жировница-Бошков Мост

Поради санација на свлечиште од денеска е воведен 30-дневен времен режим на сообраќај на регионалниот пат Р1202, делница Жировница – Бошков Мост, кај село Скудруње.

Како што информира АМСМ, сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози, а интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и исклучително внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево. (MИА)

Коронавирус