среда, 25. ноември 2020. Вести денес: 175
home Општини

Водата од јавна чешма во кривопалнечко Дурачка Река небезбедна за пиење

Водата од јавна чешма во кривопалнечко Дурачка Река небезбедна за пиење

Според извештајот на Центар за јавно здравје Куманово, водата од јавната чешмакаптажа во кривопаланечкото село Дурачка Река, наречена „Стојанчева чешма“ не е безбедна за пиење. Чешмата се наоѓа покрај самиот локален пат.

– Во  наодот по извршените лабораториски испитувања од Центарот за јавно здравје Куманово се наведува дека во водата е зголемен бројот на аеробни бактерии во еден милилитар, неверојатен број на колиформни бактерии во 100 милилитри и присуство на ешерихија коли бактерија – индикатор на фекално загадување на водата, информираат до локалната самоуправа на општина Крива Паланка.

Оттаму согласно препораките на Центар за јавно здравје, ги информираат граѓаните и месното население за ваквата состојба со водата од јавната чешма, со препорака истата да не ја користат за пиење и производство на храна.

Општината треба да постапи по препораките од извештајот, да се изврши редовна дезинфекција и кондиционирање на водата за да може истата да се користи за пиење.

МИА

Коронавирус