понеделник, 25. јануари 2021. Вести денес: 93
home Општини

Во велешката болница починати двајца пациенти во изминатото деноноќие

Во велешката болница починати двајца пациенти во изминатото деноноќие

Во изминатите 24 часа во велешката болница како последица од Ковид-19 починаа двајца пациенти – жена на 70 години од Велес, примена пред две недели, и маж на 58 години од Оризари, примен пред два дена.

Како што информораше портпаролот д-р Весна Неделковска-Николова, во болницата се хоспитализирани 65 пациенти, од кои 56 потврдени позитивни, двајца сомнителни и седум со негативни тестови. На кислородна поддршка.се 15 пациенти.
На Инфективно се лекуваат 47 пациенти, на Физикална 11, а на Интерното одделение се седуммина пациенти. Д-р Неделковска-Николова информираше дека на Интерното – крак Б се лекуваат пациенти кои веќе се излекувале од Ковид, но имаат последици од болеста. (МИА)

Коронавирус