четврток, 22. октомври 2020. Вести денес: 0
home Општини

Во Велес викендов Фестивалот на велешка пита и вино

Во Велес викендов Фестивалот на велешка пита и вино

Општина Велес и оваа година традиционално од 19 до 21 октомври ќе ја организира манифестацијатa Фестивал на велешка пита и вино.

За разлика од изминатите неколку години кога беше пред кафитериите во новиот дел од градот, оваа година манифестацијата на поголема локација  од плоштадот С’рмаале  па нагоре по главната улица  пред кафитериите па се’ до кружниот тек „Авона“.

На убаво  поставени штандови и маси и столици на посетителите  три дена ќе им се понуди велешката  питата пастрмајлија од угостителите и пекарите во градот како и вино од производителите на повардарскиот регион.

Манифестацијата „Фестивал на велешка пита и вино 2018“ ќе биде од изложбен и продажен карактер.

Отварањето на фестивалот е во петок во 14 часот кога ќе настапат најмалите од градинката „Димче Мирчев“, а потоа и балетската група „Црни мачиња“ и „Дабл Трабл“ свој настап во петок попладне ќе имаат и Тони Андреев и групите „Боеми“ и „Виртус“, а потоа и „Баклава“. Вечерта ќе настапат Анета и група „Молика“ „Ред Гарден“ и „Некст Тајм“. За крај на вечерта некаде пред полноќ и шоуменот Игор Џамбазов и „Гури Харе Бенд“.

Во сабота од 14 часот па натаму ќе настапат црковно-младинскиот хор „Св Кирил и Методиј“ КУД „Ќерамичар“, Камерниот – црковен хор „Св Великомаченик Пантелејмон“, потоа „Бејзмент блуз експеримент Велешка чалгија Нино Величковски и Кумановски тамбураши, Агушеви. Во сабота вечерта од 20 часот ќе настапат Кристина Арнаудов, Влатко Лозаноски и  Бени Шакири.

На третиот ден од манифестацијата во недела  10 часот ќе има велосипедка трка со старт од Сармаале. Потоа ритмичката група „Анабела“ и КУД „Коле Неделковски“ и КУД „Вила Зора“. Во 14,45 ќе има промоција на велешкото ѓозлеме во соработка со Организацијата на жени. Свој настап попладнето ќе има и чалгијата со „Распеани велешани“. Настап ќе имаат и велешките легенди групата  „Зрак“. Свој настап ќе има чалгија Саунд Систем и Синтезис. Потоа Ивона Јовановиќ и Александра Јанева. Во 21,10 часот најавени се Слаткаристика и на крај Дарио.

– Целта  на  манифестацијата е да се придонесе кон поголема афирмација и промоција  на  питата пастрмајлија, препознатлив велешки специјалитет, но истовремено ќе им помогне на угостителите, винариите, малите и средните компании од прехрамбениот сектор, пред потенцијалните потрошувачи од вардарски плански регион и Македонија. Исто така  и на  здруженија на сродни производители, стопански комори, ресорни министерства, амбасади, организации и фондации за поддршка на претприемништвото во Република Македонија, кои ќе бидат поканети да го посетат настанот, појаснуваат од Општина Велес.

МИА

Коронавирус