сабота, 24. октомври 2020. Вести денес: 106
home Општини

Во Велес се зголемува бројот на заболени од грип

Во Велес се зголемува бројот на заболени од грип

Бројот на заболени од сезонски грип, во Велес, изминатата седмица, се зголемил на 62 новозаболени,информираат од ЈЗУ Центар за јавно здравје.

Како што информира за МИА епидемиологот д-р Билјана Трајкова, од новозаболените четири се деца до четиригодишна возраст, 12 болни се деца на возраст од 5-14 години, а најмногу 34 болни се во границата од 15 до 64 години. Над 65 години регистрирани се 12 новозаболени од сезонски грип.

Вкупно во февруари досега се регистрирани 90 заболени од грип, а во јануари само 13 болни од сезонски грип.

Епидемиологот д-р Трајкова со препорака до сите болни задолжително да посетат матичен лекар за да им ја препише неопходната терапија, особено оние со потешка состојба за да може навреме да ги преупати на специјалистичко, болничко и друго неопходно лекување.

Коронавирус