петок, 4. декември 2020. Вести денес: 161
home Општини

Во Велес пет новозаболени од Ковид 19 од кои еден од Чашка

Во Велес пет новозаболени од Ковид 19 од кои еден од Чашка

Во изминатите 24 часа во Велес регистрирани се пет новозаболени од корона вирусот од кои едно лице е од општина Чашка. Со тоа, бројката на заболени во Велес изнесува 85, а во општина Чашка тројца, информираат од Центарот за јавно здравје од Велес. Четворица од заболените во Велес се од кластер на конфекциска куќа. 

Според информацијата од Центарот за јавно здравје, во моментот активни со Ковид-19 во градот се 40 граѓани, а синоќа изолирани се и нови осум жители на Велес.

Од Центарот за јавно здравје оценуваат дека состојбата во градот е симптоматична и апелираат до граѓаните да бидат внимателни каде се движат и да ги почитуваат препораките  со цел да се спречи ширењето на вирусот.

На Инфективното одделение во велешката Општа болница моментално се хоспитализирани 18 пациенти од кои кај 15 е потврдени присуството на вирусот, а за тројца се чекаат резултатите од тестирањето.

Според портпаролката на болницата Весна Неделковска – Николова, од болницата пуштени се четворица излекувани пациенти со што вкупната бројка на излекувани пациенти изнесува 23.

Неделковска- Николова информира дека еден пациент на 73 годишна возраст во тешка состојба денеска е препратен на натамошно лекување на Инфективната клиника во Скопје.

Според Неделковска-Николова, состојбата во Велес е загрижувачка што се должи на непочитувањето на препораките од страна на дел од граѓаните. Апелира да се почитуваат препораките за заштитна маска и дистанцирање од најмалку два метра.

Коронавирус