среда, 27. јануари 2021. Вести денес: 0
home Општини

Во Тетовско за зборување на телефон при возење изречени 66 казни во ноември

Во ноември сообраќајните полицајци на подрачјето на тетовскиот регион откриле вкупно 66 возачи кои зборувале на мобилен телефон додека управувале возила.
Во Тетовско за зборување на телефон при возење изречени 66 казни во ноември

Од СВР Тетово потенцираат дека зборувањето на мобилен телефон, претставува и честа причина за сообраќајни несреќи, поради што до возачите се апелира да се воздржат од користење на вакви апарати додека го управуваат возилото.

-Користењето на мобилен телефон во голема мерка им го одвлекува вниманието на возачите и ја доведува во прашање нивната и безбедноста на другите учесници во сообраќајот. Секторот за внатрешни работи Тетово уште еднаш ги потсетува возачите дека користењето на мобилен телефон за разговор, пишување пораки или за други цели при управување со возилото претставува прекршок за кој е предвидена парична глоба од 40 евра во денарска противвредност, согласно член 24 точка 5 од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, информира портпаролот Марјан Јосифоски.

Од почетокот на оваа година, вкупниот број на санкционирани возачи за овој вид сообраќаен прекршок изнесува близу 600.

Коронавирус