Мобилната единица за безбедност во сообраќајот при Министерството за внатрешни работи и полициски службеници од ПС за БПС Тетово вчера (24.01.2021) спроведоа засилена акциска контрола во областа на сообраќајот во тетовско и на автопатот Скопје-Тетово, при што санкционирани се 157 возачи кои возеле со брзина над дозволената.
93 прекршоци се констатирани на автопатот Скопје-Тетово, а останатите на подрачјето на Тетово. Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.