сабота, 27. ноември 2021. Вести денес: 51
home Општини

Во тек е изградба на нов градски пазар во Кавадарци

Во тек е изградба на нов градски пазар во Кавадарци

Во тек е изградбата на нов градски пазар во Кавадарци. Од локалната самоуправа попладнево во соопштение наведоа дека е во тек бетонирање на градски пазар и поставување нова фекална канализација.

-Градскиот зелен пазар полека го добива својот нов лик. Се гради современ покриен зелен пазар со две нивоа за паркирање и едно ниво за продажба на свежи зелени производи, како и производи кои бараат посебни услови, велат од општината.

Укажуваат дека додека се гради новиот пазар на старата локација во централното градско подрачје, кавадарчани може да пазаруваат на алтернативен пазар.

Од општината нагласуваат дека во иднина можност за пазарување ќе има и на двете локации.

Коронавирус