среда, 3. август 2022. Вести денес: 96
home Општини

Во струмичката болница се лекуваат пет пациенти со Ковид-19, двајца се на кислородна поддршка

Во струмичката болница се лекуваат пет пациенти со Ковид-19, двајца се на кислородна поддршка

На Инфективното одделение во Општата болница во Струмица се лекуваат пет пациенти заболени од Ковид-19, од кои двајца се на кислородна поддршка со комордибитети.

Според директорката на болницата, Катерина Кузмановска, состојбата е стабилна. Во текот на вчерашниот ден се извршени 14 прегледи, од кои најголем дел се кај деца, кои имале стабилна клиничка слика.

-За разлика од порано заболените немаат респираторни проблеми. Имаат зголемена температура, дијареја, малаксаност и намален апетит. Сега вирусот повеќе ги напаѓа децата, но покрај нив ги откриваме и возрасните. Очекуваме во текот на оваа недела да падне пикот, бидејќи минатата недела имавме осум пациенти на болничко лекување и до 30 прегледи дневно, рече директорката Кузмановска.

Таа апелира на доследно почитување на мерките за заштита, посебно носење маска во затворен простор и сите што се сомневаат дека се инфицирани да направат тестови за да може да им ја пружат соодветната помош.

Коронавирус