петок, 30. октомври 2020. Вести денес: 133
home Општини

Во Струмица казнети 60 возачи за 60 минути

Во Струмица казнети 60 возачи за 60 минути

Министерството за внатрешни работи покрај на територијата на главниот град Скопје, спроведува засилени акциски контроли за санкционирање на непочитувањето на сообраќајните правила и прописи и во другите градови, меѓу кои и Струмица, соопшти портпаролот на МВР Тони Ангеловски на денешната прес конференција во Струмица.

-Се санкционираат сите сообраќајни прекршоци, а особено оние кои што се најчеста причина за сообраќајни незгоди со тешки последици, како што се управувањето на возило под дејство на алкохол, возење со брзина над дозволената, а се санкционираат и возачите на мотори кои не ги почитуваат правилата, рече Ангеловски.

Портпаролот на МВР апелираше до граѓаните на Струмица да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот.

-Само за еден час во денешната акциска контрола во Струмица се изречени 60 санкции, пред се за нерегистрирани возила, возење без возачка дозвола, пречекорена брзина и друго, соопшти Ангеловски, кој потенцира дека акциските контроли продолжуваат и во наредните денови, а целосните податоци од денешната засилена акциска контрола во Струмица ќе бидат презентирани утре.

 

Најнови вести

Коронавирус