сабота, 26. септември 2020. Вести денес: 90
home Општини

Во Струмица денеска верниците бараа два крста

Во Струмица денеска верниците бараа два крста

Во осветените води на базенот „Аквариус“ во Струмица денеска верниците бараа два крста.

Имено, откако по десетина минути верниците не успееја да го пронајдат фрлениот крст, свештеникот кој раководеше со церемонијата на фаќањето на крстот фрли уште еден со образложение дека поради студеното време „децата ќе настинат“.

Вториот крст набргу беше пронајден, а нешто подоцна и првиот.

И на двајцата струмичани, Илија Неделков и Атанас Божинов, кои ги пронајдоа крстовите, им беа врачени подароци од градоначалникот на општина Струмица, Коста Јаневски и останатите спонзори на настанот

Коронавирус