вторник, 29. септември 2020. Вести денес: 159
home Општини

Во следните два дена голем дел од Кичево ќе биде без вода за пиење

Во следните два дена голем дел од Кичево ќе биде без вода за пиење

Во Кичево утре и задутре поради спојување на водоводна линија со главниот цевковод без вода за пиење ќе бидат корисниците од улица Партизански Одреди, дел од улица Влашки Пат, населба 22 Декември и населба Горно Пашино, делот под Крушино, селата Осој, Мамудовци, Трапчиндол и армијата на гарнизон Кичево.

Од ЈП Комуналец – Кичево  известуваат дека во овие денови нивни цистерни со вода ќе минуваат низ местата кои ќе бидат во прекин поради снабдување со вода на граѓаните од овие места.

Коронавирус