недела, 21. октомври 2018. Вести денес: 73
home Општини

Во следните 30 дена ќе се вози по една лента на патот од Крклино до Битола

Во следните 30 дена ќе се вози по една лента на патот од Крклино до Битола

Поради градежни работи на регионалниот пат од село Крклино до Битола сообраќајот на овој патен правец во наредните 30 дена ќе се одвива по една коловозна лента.

На самото место ќе биде поставена соодветна сообраќајна сигнализација.

Претходно, јавното претпријатие „Македонија пат“ информираше дека и регионалниот пат од село Теово до Богомила во наредните 30 дена ќе биде во прекин секој ден во периодот од 10 до 14 часот поради асфалтирање.

МИА