вторник, 27. октомври 2020. Вести денес: 35
home Општини

Во штипскиот регион гласањето се одвива мирно

Во штипскиот регион гласањето се одвива мирно

Во Штип на 80-те избирачки места излезноста е 32,76 отсто. Претседателката на ОИК-Штип, Сенка Андреева информира дека гласањето на изборите се одвива без проблеми.

– До Општинската изборна комисија не се стигнати никакви преставки, жалби и поплаки, ниту од граѓани, ниту од независни набљудувачи, вели Андреева.

Во текот на попладневните часови на избирачките места може да се забележи дека излезноста е помала, но од ОИК велат дека гласачите вообичаено се очекуваат да пристигнуваат во попладневните часови.

Инаку здарвствените протоколи се почитуваат од страна на избирачките одбори, не дозволуваат граѓаните да влезат без маски и мора да држат дистанца. Најголема излезност во Брегалничкиот регион бележи Пробиштип, каде што до 13 часот на гласање излегле 33,6 од вкупниот број на гласачи. (МИА)

Коронавирус