понеделник, 25. октомври 2021. Вести денес: 185
home Општини

Во Штип утре прво прскање против комарци

Во Штип утре прво прскање против комарци

Општина Штип од утре почнува со прскањето против комарците. Кристина Костова советник за информирање во Општина Штип, вели дека утре ќе се реализира ларвицидна дезинсекција, во период од 9 до 14 часот. Кумановската фирма „Плант медика“, која дала најповолна понуда на тендерската постапка во наредните месеци ќе ја спроведе дезинсекцијата, но и дератизацијата на територија на Штип.

– Договор не го опфаќа само третманот во текот на утрешниот ден, туку опфаќа ларвицидна дезинсекција со пет третмани, од кои што првиот е утре, а последниот е во месец август. Адутицилна земјена дезинсекција е со вкупно пет третмани, од кои што првиот во мај, а последниот во септември, потоа дератизација на 160 шахти на териториај на Општина Штип, со два третмани, вели Костова.

Општина Штип дезинсекцијата и дератизацијата ќе ја чинат 818.700 денари.

(Миа)

Најнови вести

Локални избори 2021