вторник, 24. ноември 2020. Вести денес: 141
home Општини

„Во Штип се брани Македонија, но прашањето е дали на 870 заразени дневно има услови за избори во Штип“

„Во Штип се брани Македонија, но прашањето е дали на 870 заразени дневно има услови за избори во Штип“

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во гостувањето во емисијата „Што мисли народот“ истакна дека опозицијата сериозно размислува да побара одложување на предвремените локални избори во Штип кои треба да се одржат на 10 декември. Тој посочи дека во ситуација кога имаме речиси четрицифрени бројки на заразени и двоцифрена бројка на починати секој ден, граѓаните на Штип не треба да се ставаат на дополнителен ризик.

-Јас тоа го кажа и сега кога бевме во Ново Село штипско, на 23 октомври на Денот на македонската револуционерна борба, јас и тогаш кажав, еве и сега ќе го кажам, во Штип се брани Македонија. И ова не се обични избори. Но прашањето е сега дали на 870 заболени имаме воопшто амбиент за фер и демократски избори. Бидејќи вие знаете на 870 заборлени и секојдневна двоцифрена бројка на луѓе кои го губат животот, прашањето е дали треба воопшто да ги изложуваме на дополнитетелн ризик штипјани да излегуваат на избори. Јас апелирам и до Владата и до останатите политичари сериозна да размислат, ВМРО-ДПМНЕ оваа точка на следната седница на Извршниот комитет сериозно ќе ја размислува бидејќи само прашање на време е кога бројката на новозаболени ќе стане четрицифрена. Апсолутно многу е возможно да побараме одложување на изборите, вели Мицкоски.

Коронавирус