петок, 30. октомври 2020. Вести денес: 130
home Општини

Во Штип има 41.854 гласачи

Во Штип има 41.854 гласачи

Пристигна доверливиот материјал во Општинската изборна комсија (ОИК) – Штип. Според списокот на избирачи во општина Штип, на вкупно 77 избирачки места со право на глас се 41.854 гласачи или за околу 150 лица помалку во споредба со Локалните избори 2017 година.

Претседателката на ОИК – Штип Сенка Андреева на денешната прес-конференција информираше дека во Затворот во Штип со право на глас се 204 осудени лица, од кои 53 се жители на општина Штип. Пристигнати се и материјалите, со кои и на слепите лица ќе им се овозможи да го остварат право на глас на Референдумот, што ќе се спроведе на 30 септември.

– Имаме 29 болни и инвалидизирани лица кои се пријавени и по увидот на целата документација исто толку лица ќе гласаат во текот на утрешниот ден. Делбата на избирачките кутии и на материјалот почнува од утре од осум часот, завршува во 11 часот поради малиот број на болни и немоќни лица, вели Андреева.

Избирачките одбори ќе го носат избирачкиот материјал на сите избирачки места во текот на утрешниот ден, кој ќе се чува и од страна на полициски службеници. Во руралните средини на 30-ти септември во раните утрински часови ќе се носи материјалот и ќе се подготвуваат избирачките места за да се отворат точно во 7 часот.

МИА

Најнови вести

Коронавирус