петок, 5. јуни 2020. Вести денес: 10
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Општини

Во Штип има 14 лица со коронавирус, еден се лекува на Инфективното одделение во градот

Во Штип има 14 лица со коронавирус, еден се лекува на Инфективното одделение во градот

Еден пациент кој е позитивен на коронавирус е сместен на Инфективното одделение во штипската Клиничка болница.

Директорот на болницата, Ален Ѓеорѓијев вели дека станува збор за маж кој неколку дена е хоспитализиран бидејќи бил со покачена телесна температура и кашлица.Во текот на вчерашниот ден неговите резултатите се пристигнати и е потврден коронавирусот. Тој е првиот пациент со Ковид 19, кој се лекува на Инфективното одделение.

Овој пациент кој е со средна клиничка слика го формира новиот и тоа трет кластер. Според епидемиолошката анкета ова лице нема поврзаност ниту со првиот, ниту со вториот кластер во Штип. Посочил и дека нема излегувано надвор од државата.

Бројката на позитивни со коронавирус од вчера е вкупно 14, од кои десет лица се од првиот кластер, кој е поврзан со првиот и најмладиот пациент во Штип, четиригодишното девојче, кое пристигна од Англија, вториот кластер се повозрасните сопружници и нивниот внук, кои беа на скијање во Копаоник и третиот кластер е мажот кој е сместен на Инфективното Одделение.

Коронавирус