среда, 21. октомври 2020. Вести денес: 106
home Општини

Во Ресен излезноста до 19 часот 45,2 отсто, во Демир Хисар 62 отсто

Во Ресен излезноста до 19 часот 45,2 отсто, во Демир Хисар 62 отсто

Во општините Ресен и Демир Хисар изборите се во тек, а граѓаните без проблеми и безбедно го остваруваат правото на глас и избор.

Заменик претседателот на ОИК Ресен Ивана Гегараковска информира дека до 19 часот на сите 50 избирачки места вкупно гласале 45,2 отсто од евидентирани 16.580 избирачи со право на глас.

Непречено се одвива изборниот процес и во Демир Хисар, потврди претседателот на тамошната ОИК Митко Јанкуловски.

-Во Општина Демир Хисар до 19 часот гласале 62 отсто од 7.041 полнолетни гласачи кои денеска гласаат на 36 избирачки места, истакна Јанкуловски. (МИА)

Коронавирус