вторник, 28. јануари 2020. Вести денес: 139
home Општини

Во прилепско активни два пожари

Во прилепско активни два пожари

Иако под контрола, во моментов во прилепско се активни два пожари, информираат од прилепската противпожарна единица.

Едниот пожар е на потегот на селата Здрзе – Маргари, гори нискостеблеста шума и зафатени се 20-тина хектари.

Вториот активен пожар е во непристапен терен на потегот на селата Дрен-Смолани и е на многу поголема површина од околу 50 хектари.

Според Виктор Стојчески, командир на прилепската противпожарна единица нивните екипи и на прилепски „Комуналец“ и од јавното претпријатие „Црн Бор“ се на теренот.

-Горат нискостеблеста шума, сува трева, а кај Дрен-Смолани имаше зафатено и бор, но тоа е спречено да се шири. Пожарите се веќе трет ден. Иако се под контрола, сепак се активни. Поради непристапноста на теренот кај селата Дрен-Смолани побаравме и авионска интервенција за гасење, рече Стојчески.