недела, 17. јануари 2021. Вести денес: 0
home Општини

Во Прилеп позитивни 60% од тестираните

Во Прилеп позитивни 60% од тестираните

Многу пациенти лажат и даваат погрешни информации за здравствена состојба пред матичните лекари.
Целта им е како да дојдат до бесплатен брз тест за ковид 19.Поради тоа за неколку дена од 250 останаа уште 50 тестови велат надлежните од Прилепскиот здравствен дом, пренесува Канал5

Во интерес на вистината потенцираат тие од 100 тестирани близу 60 се позитивни на ковид 19. Имајќи ја во предвид сериозната епидемиолошка состојба итно се потребни уште најмалку 300.

Но и поголем ред во функционирањето на системот Мој Термин.

Слична или иста е ситуацијата и со вакцинациите за сезонски грип.

Поради ова за општината потребни се уште 700 вакцини за сезонски грип.Но и пари за нормално функционирање на оваа здравствена установа.

Која е во долгови и со куп извршни решенија или опомени за неплатени сметки, но и дополителни трошоци за обука на кадри и опрема за медицинските лица кои тестираат од ковид 19 или вакцинираат од сезонски грип.

Коронавирус