четврток, 24. јуни 2021. Вести денес: 94
home Општини

Во Прилеп осум новозаболени од новиот корона вирус

Во Прилеп осум новозаболени од новиот корона вирус

Во Прилеп денеска се регистрирани осум новозаболени лица од коронавирусот, информираат од локалната самоуправа. Во самоизолација се наоѓаат 284 лица, а во изминатото деноноќие, евидентирано е едно нарушување на полицискиот час, јавува ТВ21.

На инфективното одделение од прилепската болница се хоспитализирани 17 лица позитивни на Ковид-19 и сите се со стабилна клиничка слика. Во делот за изолација се наоѓаат четири пациенти; двајца од нив се негативни на коронавирусот, а на другите двајца земен им е брис и се чекаат резултатите.

Веднаш по почетокот на забраната за движење на граѓаните во 15 часот, ќе започне акцијата за дезинфекција на сите улици и јавни површини во градот. Акцијата ќе ја спроведуваат волонтери од Прилеп и од населените места, кои со триесетина трактори опремени со прскалки, ќе ги дезинфицираат улиците во сите населби во градот, вклучувајќи ги и тесните улици во кои цистерните на јавните комунални претпријатија немаат пристап.

Градските власти ги замолуваат граѓаните да ги отстранат возилата од јавните површини и да ги паркираат на соодветни места, за непречено движење на возилата за дезинфекција и за поголема ефикасност на акцијата.

Акцијата ќе продолжи и утре од 10 часот. Триесетина волонтери ќе ги дезинфицираат влезовите и јавните површини пред сите колективни станбени згради.

ЕУРО 2020

Македонија