четврток, 28. мај 2020. Вести денес: 127
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Општини

Во прекин водоснабдувањето во Делчево

Во прекин водоснабдувањето во Делчево

Поради дефект во прекин е водоснабдувањето во општина Делчево. Прекинот се јавил како резултат на проблем со водоснабдителната мрежа во село Тработивиште поради што жителите на Делчево ќе бидат без вода за пиење до крајот на денот.

Како што информираше директорот на јавното комунално претпријатие Стојче Стојковски откако дефектот бил лоциран, екипа на ЈПКД „Брегалница“ се упатила на терен и интензивно работи на санирање.

– Нашите екипи интензивно работат на справување со дефектот кој е заблежан денеска во попладневните часови. Дефектот е лоциран кај главната водоводна мрежа во село Тработивиште, која е главен снабдувач на вода за жителите на општина Делчево, поради што во моментот во прекин е водоснабдувањето во општина Делчево. Апелираме на трпеливост до граѓаните, кои ги информираме дека до крајот на денот проблемот со недостиг на вода ќе биде целосно решен, информираше Стојчевски.

Во акцијата за санирање на проблемот со водоводната мрежа е вклучена градежна механизација и екипа од 10 луѓе кои активно работат на оспособување на водоводот и негово повторно пуштање во употреба.

МИА

Коронавирус