недела, 18. август 2019. Вести денес: 0
home Општини

Во прекин патниот правец Кочани-Македонска Каменица

Во прекин патниот правец Кочани-Македонска Каменица

Во прекин е сообраќајот на патниот правец Кочани – Македонска Каменица поради минирање карпи кај мотел „Саваро“, соопшти Автомото сојузот на Македонија (АМСМ).

Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози.

Како што информира АМСМ, интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.