вторник, 25. септември 2018. Вести денес: 150
home Општини

Во понеделник почнува пријавувањето на болните и изнемоштени лица за гласање на референдумот

Во понеделник почнува пријавувањето на болните и изнемоштени лица за гласање на референдумот

Општинската изборна комисија (ОИК) – Штип интензивно се подготвува за спроведување на референдумот на 30 септември. Претседателката на ОИК – Штип, Сенка Андреева на денешната прес-конференција најави дека од понеделник почнува пријавувањето на болните и изнемоштени лица, кои ќе гласаат на 29 септември.

– Треба да се дојде во просториите на ОИК и да се поднесат документациите. Потребно е да се има потврда од матичен лекар, во која ќе биде наведена дијагнозата на пациентот. Но, таа потврда треба да биде поткрепена и со специјалистички извештај. Втора работа е Центарот за социјални работи ги издава документите било да е нега на болен, било да е за мобилност. Сите овие документи се земаат во предвид за да болните или изнемоштени лица гласаат дома, вели Андреева.

Просториите на ОИК-Штип се наоѓаат во зградата на општината, а ќе бидат отворени од 9 до 19 часот, а пријавувањето ќе трае до наредната сабота, односно до 22 септември. Се чекаат и списоците за гласање на осудентите лица и во Затвор-Штип.

Формирани се и избирачките одобори, околу 40 нови државни службеници ќе ги заменат оние кои веќе заминале во пензија, странство, промениле адреса на живеење или почнале да работат во приватна фирма. Во меѓувреме се чека и бројката колку набљудувачи ќе има и на избирачките места.

– Стапивме во контакт со ОБСЕ и до 27 септември е повикот за пријавување на набљудувачи и можат да доаѓаат и да се пријавуваат во Општинска изборна комисија дека сакаат да го набљудуваат гласање на референдумот, вели Андреева.

На територина на Општина Штип има вкупно 77 избирачки места, на кои граѓаните ќе можат да го остварат своето право на глас на 30 септември.

МИА