сабота, 27. февруари 2021. Вести денес: 91
home Општини

Во овој македонски град лани собрани над 1.700 крвни единици

Во овој македонски град лани собрани над 1.700 крвни единици

Поради состојбата со пандемијата, лани се одржале 30 крводарителски акции во Куманово што е за десет помалку во однос на претходните години, информираа денеска надлежните од општинската организација на Црвениот Крст Куманово.

Во 2020-та година биле собрани 1. 784 крвни единици, што е за 950 помалку споредено со претходната 2019-та година

-Во месеците април и мај, немаше крводарителски акции. Организиравме дарувања на повик во Службата за трансфузиона медицина Куманово, изјави Ива Младеновска, од Црвен Крст Куманово.

Таа објаснува дека од јуни, минатата година веќе почнале да се организираат акции во согласност со протоколите.
-Поради состојбата со Ковид 19 не работеа училиштата. Откако почнаа со онлајн настава, успеавме да организираме крводарителски акции. Секако, задоволни сме што го одржавме континуитетот, изјави Младеновска.

До крајот на овој месец ќе се одржи крводарителска акција со здружението „Коледари”, додека во февруари со рибарското друштво ” Мак Дам”.

Коронавирус