вторник, 25. јануари 2022. Вести денес: 1
home Општини

Во општина Лозово до 13 часот излезеноста 35,82, во општина Чашка 33,32 процента

Во општина Лозово до 13 часот излезеноста 35,82, во општина Чашка 33,32 процента

Во вториот круг од локалните избори 2021, во општина Лозово до 13 часот од вкупно 1974 гласачи на 9 избирачки места на гласање излегле 710 или 35,82 процента од гласачите запишани во Единствениот избирачки список, информира за МИА, Ванчо Пешевски претседател на ОИК Лозово.

Тој посочи дека гласањето се одвива во фер и демократска атмосфера.

-Во општина Чашка од вкупно 6171 избирач во Единствениот избирачки список излезеноста на гласачите до 13 часот на 30-те избирачки места е 33,32 процента или 2054 гласачи, рече за МИА Јованче Николовски претседател на ОИК Чашка.

Тој информира дека досега изборите се одвиваат во фер и демократска атмосфера без никакви инциденти. (МИА)

Коронавирус