среда, 20. ноември 2019. Вести денес: 179
home Општини

Во Охрид ниту се урива, ниту се реагира околу дивоградбите

Во Охрид ниту се урива, ниту се реагира околу дивоградбите

Нема ништо од акцијата за рушење на дивоградби,иако градоначалниот Георгиески ја најави уште пред околу 20-тина дена кога и истече рокот кој општинскиот градежен инспекторат им го даде на сопственциите сами да ги отстранат нелегалните градби.

,,Ако не денеска во наредниве денови, во периодов кој што следува ќе продолжиме“ ,изјави Константин Георгиески

Но никој не постапува по решенијата за рушење,нити оние кои ветија дека самите ќе ги отсранат,нити општината.Сеуште стојат диво поставени платформи во езерото, не е срушена нити куќата во Влашка маала со која пракрично започна акцијата, а хотелот “Грин Спејс” кој се наоѓа на стариот пат Охрид-Струга, сеуште стои послан на самото крајбрежје.

Денеска го прашавме градоначалникот, зошто нема ни Р од рушење на дивоградбите?

„Ние си имаме свој план кога ќе дојде време ќе си постапуваме“, изјави тој.

Во регистарот во кој првични како што тврдеа од локалната беа евидентирани 1076 дивоградби,сега ги имало 16.200 бесправни градби за кои биле поднесени барања за утврдување на нивниот правен статус.

Инаку овој месец требаше претставници на УНЕСКО да дојдат во Охрид за да ја скенираат состојбата на терен и да воочат колку градот и државата спровеле од 19-те препраки на Комитет за светско и природно наследство,но Георгиески вели дека посетата ќе се реализирала на крајот од оваа или на почетокот од идната година.

ИЗВОР: АЛФА