четврток, 9. декември 2021. Вести денес: 38
home Општини

Во Охрид до 13 часот излезноста на изборите е 23 отсто, во Дебрца 29 проценти

Во Охрид до 13 часот излезноста на изборите е 23 отсто, во Дебрца 29 проценти

Гласањето на Локалните избори во Охрид и во Дебрца се одвива тековно, со одредени технички потешкотии кога се работи за идентификација на граѓаните со биометриските апарати.

До 13 часот во Охрид на гласање излегле 23,5 отсто од граѓаните со право на глас, додека во Дебрца излезноста е 29 проценти.

Кога станува збор за гласањето во Дебрца, во текот на изборниот процес поради техничка грешка на биометрискиот уред прекин на изборниот процес е регистриран на избирачкото место 1315 во Ново Село.

Даниела Којчиноска Мартиноска, претседателот на ОИК Дебрца, изјави дека поради настанатиот прекин на избирачкиот процес гласањето на тоа избирачко место ќе биде продолжено за два часа колку што траел прекинот во гласањето.

Коронавирус