вторник, 20. ноември 2018. Вести денес: 126
home Општини

Во Неготино и Демир Капија двојно помалку пожари од лани

Во Неготино и Демир Капија двојно помалку пожари од лани

Изминативе шест месеци во Неготино и Демир Капија се регистрирани 37 пожари, што е двојно помалку од истиот период минатата година, кога беа евидентирани 80 пожари.

– Кон ова секако дека придонесуваат и временските услови. Имаме поврнежлива година за разлика од ланската која беше сушна. Според евиденцијата, 11 пожари се на отворено, 15 во затворен простор, седум во патнички моторни возила и четири кај контејнери. Имавме и интервенции за вадење давеник од реката Вардар и извлекување вода од поплавени простории со пумпи, изјави Иле Илиев, командир на Територијалната противпожарна единица Неготино.

Тој апелираше за повисока противпожарна свест кај населението, да се делува превентивно, за да не се случуваат пожари.

МИА