четврток, 2. декември 2021. Вести денес: 149
home Општини

Во Лабуништа ќе се гласа до 22 часот

Во Лабуништа ќе се гласа до 22 часот

На едно избирачко место во струшкото село Лабуништа гласањето е продолжено за речиси три часа.

Претседателот на Општинската изборна комисија, Минир Жута, информира дека ваквата одлука е донесена поради ненавремено почнување на изборниот процес утрово.

-Поради проблем со апаратите за отпечатоци, на едно избирачко место во Лабуништа гласањето почна подоцна и затоа сега се продолжува до околу 22 часот, изјави Жута.

Во Останатите 100 избирачки места гласањето, според него, е завршено во 19 часот. Освен проблемите со апаратите за отпечаток на прстот, други проблеми не се регистрирани во Општинската изборна комисија.

Коронавирус