понеделник, 21. септември 2020. Вести денес: 149
home Општини

Во Кичево нема новозаразени со Ковид-19, четири лица оздравени

Во Кичево нема новозаразени со Ковид-19, четири лица оздравени

Новозаразени лица со Ковид-19 денеска нема во општина Кичево. Според податоците од Министерството за здравство, четири лица оздравиле.

Доктор Џабир Бајрами, директор на Здраствениот дом и член на Кризниот штаб на Општина Кичево информира дека вкупниот број на заразени со Ковид-19 во оваа општина изнесува 275 лица, од кои 45 се активни, 218 се излекувани и 12 се починати.

– Денешните податоци, за среќа, зборуваат дека продолжува трендот на намалување на активните случаи во Кичево, вели д-р Бајрами.

Тој упати апел до сите граѓани да ги почитуваат препораките дадени од надлежните здравствени институции. (MИА)

Коронавирус