понеделник, 5. јуни 2023. Вести денес: 132
home Општини

Во Кавадарци трибина за улогата на жената во општеството, со позитивни примери во општината

Во Кавадарци трибина за улогата на жената во општеството, со позитивни примери во општината

Трибина насловена „Улогата на жената во општеството – позитивни примери во општината” беше одржана денеска во Кавадарци, во организација на Комисијата за еднакви можности на мажите и жените, при Советот на Општина Кавадарци.

Настанот на кој се разговараше за половата застапеност во одредени професии од општествениот живот, беше во чест на 8 Март, Меѓународниот ден на жената.

Претседателката на Комисијата, доктор Виолета Димитрова рече дека во минатото нејзината професија била сметана за машка, а своевремено деведесет проценти од докторите и професорите на Медицинскиот фалултет биле мажи.

Денес, нагласи таа, ситуацијата е сменета со предоминација на женската популација во медицинската дејност. Осумдесет отсто од професорите и седумдесет отсто од генерациите кои дипломираат се жени.

– Не изненадува фактот и што некои гранки на дејноста како хирургија, ортопедија, трауматологија веќе не се недостижни и за жените, кои постигнуваат врвни резултати на ова поле, рече меѓу другото Димитрова, специјалист по физикална медицина и рехабилитација.

Освен неа, пред присутните средношколци се обратија и м-р Благица Кицева, инспектор по економски криминал во МВР на РМ НККР Кавадарци и Весна Петреска, пилот во одделението за воздухопловни единици – хеликоптерска единица за полициски намени.

Најнови вести