петок, 23. октомври 2020. Вести денес: 29
Во живо

Протест на ВМРО-ДПМНЕ против мафијата, за правда и слобода

home Општини

Во Кавадарци се зголемува опфатеноста со атмосферска канализација

Во Кавадарци се зголемува опфатеноста со атмосферска канализација

Проект за подобрување на опфатеноста со атмосферска канализација се спроведува во општина Кавадарци, во рамките на комуналната изградба.

– Фирмата „Стентон градба“ од Битола која е изведувач на работите започна со градежни активности за поставување нова атмосферска канализација на улицата „Пионерска“. Се работи за целосно нова линија на потегот од раскрсницата со улицата „Ресавска“, каде новата линија ќе се спои со постојната атмосферска канализација, а во правец на ООУ „Тоде Хаџи-Тефов“, информираат од Службата за односи со јавноста при локалната самоуправа.

За овој проект општината инвестира 1.060.473 денари, а парите се обезбедени од буџетот.

Со реализација на овој проект ќе се опфатат површинските води во овој дел на градот, со што при обилни врнежи ќе се намали количината на дождовна вода која се слева кон центарот.

Коронавирус