понеделник, 21. мај 2018. Вести денес: 39
home Општини

Во Кавадарци се уредува просторот околу гробовите на жртвите од војните во поранешна Југославија

Во Кавадарци се уредува просторот околу гробовите на жртвите од војните во поранешна Југославија

Во Кавадарци започна уредување на просторот околу гробовите на жртвите од војните во поранешна Југославија.

Од Службата за односи со јавноста при општината денеска информираа дека станува збор за иницијатива на градоначалникот Митко Јанчев.

– Беа спроведени активности за санација на урбаната опрема. Интервенцијата на овој простор е прва од ваков вид. Оперативата на фирмата „ЗД Горан“ од Кавадарци изработи нови клупи кои ги заменија старите и дотраени, изврши ревитализација на масите, а ќе следи и целосна замена на настрешницата, појаснија од Службата за информирање.

Просторот околу оградата на гробните места ќе биде и хортикултурно уреден.