сабота, 17. ноември 2018. Вести денес: 57
home Општини

Во Кавадарци се спроведува акција за предупредување на возачите на технички неисправни трактори

Во Кавадарци се спроведува акција за предупредување на возачите на технички неисправни трактори

Кавадаречката полиција деновиве спроведува акција за предупредување пред изрекување на санкции за неисправни трактори пуштени во сообраќај, информираше за МИА портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски.

Тој наведе дека  се делува превентивно во екот на гроздоберот,  кога има зголемено присуство на трактори по патиштата, во Тиквешко како најголем лозаровинарски регион во Македонија.

– Сите возачи кои се движат со своите технички неисправни трактори или товарни возила, се повикуваат на поука. Таму се подучуваат дека техничката исправност е задолжителна, поради безбедност на сите учесници во сообраќајот. Особено е важна светлосната сигнализација, зашто неретко ноќе на пат може да се сретне трактор без исправни светлосни уреди, нагласува Додевски.

Тој додаде дека целта на акцијата е да нема сообраќајки предизвикани поради неисправни трактори за време на гроздоберот.  Доколку ваквите мерки не вродат со плод, следуваат репресивните мерки.