сабота, 24. октомври 2020. Вести денес: 0
home Општини

Во Кавадарци се поставуваат пластични пречки за да го спречат брзото возење

Во Кавадарци се поставуваат пластични пречки за да го спречат брзото возење
????????????????????????????????????

Во општина Кавадарци денеска почна поставувањето конусни пластични пречки на коловозните ленти од неколку градски улици кои имаат за цел да го спречат брзото и непрописно возење.

– Согласно проектот, во наредниот период ќе бидат поставени вкупно 105 парчиња и тоа на неколку фреквентни улици во близина на две основни училишта. Првите вакви пречки беа поставени на две локации на улицата „Димката Ангелов-Габерот“ на влезот во ООУ „Тошо Велков-Пепето“. Потоа оперативата на специјализираната фирма „Боита Инг“ од Скопје работеше на булеварот „Цветан Димов“ на влезот во ООУ „Гоце Делчев“ и тоа на двете коловозни ленти, информираат од општина Кавадарци.

Овој комунален зафат ќе биде заокружен со поставување на 65 флуоросцентни пластични сигнализатори под стручно име „катадиоптери“. Тие имаат за цел во ноќните часови да ги предупредуваат возачите дека се приближуваат кон пешачки премин. Овие сигнализатори ќе се постават на улиците „Охридска“, „Љубашка“ и „Партизанска“ со спојот на „Илинденска“, како и на улицата „Пионерска“ кај ООУ„Тоде Хаџи-Тефов“.

Општина Кавадарци очекува овие зафати да ја подобрат безбедноста на сообраќајот низ фреквентните градски улици.

Коронавирус