понеделник, 21. септември 2020. Вести денес: 98
home Општини

Во Кавадарци реконструкција на водоводна, атмосферска и фекална линија

Во Кавадарци реконструкција на водоводна, атмосферска и фекална линија

Реконструкција на водоводна, атмосферска и фекална линија реализира Организациската единица за водовод и канализација при Јавното претпријатие “Комуналец” од Кавадарци.

Како што информираше  раководителот Бојан Атанасов, се работи на улицата „Брушанска”. Фекалната канализација се реконструира и на улицата “Ѓоре Брушански”.

– Истовремено сме активни и во инсталирањето на нови приклучоци во индустриската зона, како и приклучоци за вода за наводнување на зеленилото покрај кејот на реката Луда Мара. Тековно ги сервисираме и сите дефекти кои настануваат на водоводните и канализациските линии, соопшти Атанасов.

Коронавирус