недела, 2. октомври 2022. Вести денес: 36
home Општини

Во Кавадарци работилница за популаризација на археолошкото културно наследство

Во Кавадарци работилница за популаризација на археолошкото културно наследство

Работилница за едукација, презентација и популаризација на археолошкото културно наследство, се одржа денеска во Музеј-галеријата во Кавадарци во соработка со Дневниот центар за деца со посебни потреби.

– Преку оваа работилница децата со посебни потреби низ смеа и игра, преку моделирање со пластелин и глина, цртање и боење, се запознаа со археологијата како наука. Проектот е поддржан од градоначалникот Митко Јанчев и Советот на општина Кавадарци, појаснија од кавадаречкиот музеј.

Раководители на проектот се Весна Ѓорѓиева,Трајче Цветков и Раде Атанасов, како стручен тим од Музеј галеријата во Кавадарци.

Коронавирус