недела, 24. октомври 2021. Вести денес: 73
home Општини

Во Кавадарци работата е јасна: Митко Јанчев на чекор до нов градоначалнички мандат

Во Кавадарци работата е јасна: Митко Јанчев на чекор до нов градоначалнички мандат

Тв дуелот помеѓу кандидатите за градоначалници на општина Кавадарци на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, Митко Јанчев и Горан Тодоров по се изгледа веќе го одлучи победникот на овие локални избори.

Имено доколку треба да се пресуди, Митко Јанчев е апсолутен победник на овој дуел.

Јасно и прецизно одговараше на прашањата на водителот, реализирани проекти и проекти кои планира да ги оствари во идниот мандат, наспроти неговиот противкандидат од СДСМ, Горан Тодоров, кој по одговорите кои ги даваше, планира да се кандидира за пратеник на следните парламентарни избори.

Тодоров непознаваќи ја работата на локалната самоуправа упати серија обвинувања кон Јанчев, на што доби конкретни одговори, но со неговите обвинувања докажа дека не ја познава доволно работата на локалната самоуправа. Во текот на целата емисија Тодоров упатуваше обвинувања кон Јанчев, без притоа да наброи проекти кои ќе ја направат општина Кавадарци подобро место за живеење.

Горан Тодоров од СДСМ, во ТВ дуелот на МТВ покажа колку неговата партија е немоќна во Кавадарци, а Митко Јанчев уште еднаш покажа зошто на анкетите ја има најголемата доверба кај граѓаните, но и е најдобриот градоначалник во изминатиов период.

 

Најнови вести

Локални избори 2021