недела, 16. декември 2018. Вести денес: 0
home Општини

Во Кавадарци пуштена во употреба нова мерна станица за квалитетот на воздухот

Нова станица за мерење на квалитетот на воздухот од денеска е пуштена во употреба во Кавадарци.
Во Кавадарци пуштена во употреба нова мерна станица за квалитетот на воздухот

Од Службата за односи со јавноста при општината информираа дека ова е првата од трите мерни станици кои по потпишаниот меморандум за соработка со локалната самоуправа, неодамна ги најавија од Универзитетот „Гоце Делчев” од Штип. Мерната станица е во строгиот центар, на плоштадот, до општинската зграда.

-Останатите две мерни станици ќе бидат поставени на почетокот од новата година. Едната ќе биде поставена во Ваташа, а втората во новиот центар, соопштија од Службата за информирање.

Во досегашниот период, Кавадарци имаше само едно мерна станица. Со поставувањето на нови три мерни станици, целта е да се утврдат вистинските загадувачи на воздухот во градот.