вторник, 20. октомври 2020. Вести денес: 9
home Општини

Во Кавадарци презентирани измените и дополнувањата на Законот за судови

Во Кавадарци презентирани измените и дополнувањата на Законот за судови

Денес во просториите на општинската зграда, свое излагање имаше д-р Лазар Нанев. На оваа презентација беа присутни Градоначалникот Митко Јанчев, претставници од бизнис секторот и правници од локалната самоуправа.

Со најновите измени и дополнувања на Законот за судови во делот за утврдување на надлежноста на судовите со проширена надлежност се вметнува Основниот суд во Кавадарци, за кого се наведува дека ги врши работите од проширена надлежност не само на својата територија туку и на подрачјето на Основниот суд во Неготино.

Овие измени во Законот за судови беа тема на денешната презентација преку која бизнис секторот и локалната самоуправа се запознаа со овие измени.

Коронавирус