среда, 25. ноември 2020. Вести денес: 78
home Општини

Во Кавадарци Инфо сесија за унапредување на регулативата и начинот на спроведување надзор над пазарот

Во Кавадарци Инфо сесија за унапредување на регулативата и начинот на спроведување надзор над пазарот

Инфо сесија за унапредување на регулативата и начинот на спроведување надзор над пазарот, се реализираше денеска во Кавадарци. На настанот, кој беше во рамки на Проектот на УСАИД „Партнерство за подобра бизнис регулатива“, учествуваа претставници на микро, мали и средни претпријатија кои се соочуваат со потешкотии во имплементирањето на законот.

Тие беа информирани за полесно спроведување на регулативите, преку јакнење на јавно-приватен дијалог.

Сите забелешки ќе бидат разработени и доставени до надлежните институции, со цел да се олесни работењето на фирмите.

Проектните активности ги спроведува ЕПИЦЕНТАР Интернационал, во соработка со Стопанска комора на Македонија, Стопанска комора за информатички и комуникациски технологии-МАСИТ, Стопанска комора на Северозападна Македонија и Сојуз на Стопански комори.

Коронавирус