петок, 22. ноември 2019. Вести денес: 159
home Општини

Во Кавадарци едукативна сесија за правно зајакнување на граѓаните со ниски приходи

Во Кавадарци едукативна сесија за правно зајакнување на граѓаните со ниски приходи

Практични совети околу бесплатна правна помош, презентација на одредбите од Законот за работни односи и одговори на прашања во врска со права од облигациски односи и извршување, беа дел од едукативната сесија за правно зајакнување на граѓаните со ниски приходи што се одржа синоќа во Кавадарци.

Сесијата ја организира Македонското здружение на млади правници, а предавачи беа Емилија Шкартова Плетварска, адвокат од Кавадарци и Митко Јаначков, правник.

–  На овие средби добредојдени се сите граѓани. Секој кој сака да оствари право на бесплатна правна помош може да се консултира, Здружението ги дава  советите бесплатно околу правата кои ги имаат и постапките кои ги водат граѓаните околу нивните правни проблеми. Новиот закон за бесплатна правна помош кој стапи во сила од октомври, има измени во однос на тоа кој се може да го користи тоа право. Овој закон е подобрен, опфаќа поголема целна група, повеќе граѓани можат да ја користат оваа бесплатна правна помош што ја нуди државата, рече Шкартова Плетварска за МИА.

Претходниот закон, нагласи, беше многу ригорозен во однос на тоа кој може да ја користи бесплатната правна помош. Сега границите се малку проширени.

Средбата беше еден од низата настани што ги организира Здружението.