понеделник, 18. јануари 2021. Вести денес: 54
home Општини

Во изолација 13 деца: Негувателка во градинка во Кавадарци позитивна на Ковид-19

Во изолација 13 деца: Негувателка во градинка во Кавадарци позитивна на Ковид-19

Негувателка во градинка во Кавадарци е позитивна на Ковид-19. Во изолација се 13 деца, една негувателка и една воспитувачка, за МИА потврди доктор Ристе Јовановски, специјалист епидемиолог при Центар за јавно здравје Кавадарци.

– Изминатите 24 часа регистрирани се 44 случаи позитивни на коронавирус во Тиквешијата. Дваесет и четири од Кавадарци, по десет од Неготино и од Демир Капија. Најмладиот новозаболен има 13 години, истакна Јовановски.

Тој додаде дека се утврдуваат нивните контакти, со цел да се изолираат.

Коронавирус