среда, 27. јануари 2021. Вести денес: 0
home Општини

Во инфективното одделение во Дебар на кислородна подршка 11 пациенти

Во инфективното одделение во Дебар на кислородна подршка 11 пациенти

Во инфективното одделение во Општата болница со проширена дејност во Дебар, се третираат во просек по дваесет ковид пациенти дневно,при што дел од нив се хоспитализирани додека дел амбулантски.

– Моментно во нашето инфективно одделение хоспитализирани се 11 пациенти и сите се на кислородна подршка. Во исто време 8 пациенти се третираат амбулантски, што подразбира добивање потребна терапија, кусо време одмараат и заминуваат во своите домови, вели Баки Халили, директор на болницата.

Инфективно одделение во оваа болница функцонира од 10 ноември во просториите на поранешното интерно одделение,со засебен влез од задната страна на болницата. Ангажирани се осум лекари и исто толку медицински сестри и се обезбедува 24 часовна услуга за пациентите.

Во исто време, според Халили, непрекинато до 22 часот работат и лабораторијата и ренген службата,кои се снабдени со сите потребни реагенси и медицински материјал.

– Од нашето подрачје,односно општините Дебар и Центар Жупа, бројот на заразени до сега изнесува 460, за жал починаа 22 додека активни на болеста се 95 лица. Во здравствени установи во Скопје имаме само двајца пациенти, додека во домашна изолација се 87 лица, додава Халили.

Според статистичките податоци пак, на Одделението за внатрешни работи, во изминатото деноноќие, полициските службеници констатирале 11 прекршоци за неносење лична заштита на лицето и ним им се издадени прекршочни платни налози.

Коронавирус