недела, 20. јуни 2021. Вести денес: 68
home Општини

Во Гевгелија минатата година бројот на лица кои бараат работа се зголемил за 144 отсто

Во Гевгелија минатата година бројот на лица кои бараат работа се зголемил за 144 отсто

Од подрачната единица на Агенцијата за вработување во Гевгелија, која ги опфаќа уште општините Богданци и Дојран, денеска соопштија дека до крајот на изминатава година, споредено со 2019 година, бројот на лица кои бараат работа се зголемил за 144 отсто.

Во 2019 година тој број изнесувал 864 баратели на работа, а на крајот од 2020 година бројот се искачил до 2116 лица кои бараат работа,со адреса на живеење во споменативе три општини.Од вкупниот број баратели на работа,најмногу,поточно 1436 лица се од општина Гевгелија,480 од општина Богданци и 200 лица од најмалата општина Дојран.

–Во оваа статистика се вбројуваат отпуштањата од работа во услужната дејност бидејќи пандемијата на Ковид-19 предизвика сериозни економски последици со затворањето на граничниот премин, но тука исто така влегуваат и лицата кои во текот на 2020 година завршиле средно или високо образование и на пазарот на трудот се јавуваат како активни баратели на работа,велат од подрачната единица на Агенцијата за вработување во Гевгелија. (МИА)

Најнови вести

ЕУРО 2020

Македонија